(ГАЛЕРИЈА) Како изгледа канцеларијата на Pinterest во Сан Франциско

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Седиштето на технолошката компанија Pinterest се наоѓа во Сан Франциско, САД.Архитектурата и ентериерот на канцеларијата на компанијата се импресивни.2f3fae155330021fd918e5e0cd7c68d4

Во последниве години, компанијата се развива со брзо темпо месец по месец, пропорционално на својот успех.

Се разбира, за да одговорат на овој брз подем, шефовите на Pinterest се одлучиле да направат нова канцеларија, која ја создаваат минатата година.

Популарниот социјален сајт создава беспрекорен работен простор за своите 300 вработени и работници, што е сместен во стар, реновиран магацин (фирмата започна пред 4 години со тим од 13 лица).

Канцеларијата го следи концептот за отворен простор и се протега на неколку спрата.Во зградата има многу места каде што вработените можат да наполнат батерии надвор тензиите – Lego соба, многу пријатни зони со маси, за промовирање на соработка помеѓу колегите, локал за јадење, лаунџ зони и т. н.

Целата атмосфера во канцеларија е многу креативна, иновативна и естетски уредена – слично на самата марка.