Париз е еден од најпопуларните градови и туристички дестинации во цела Европа. Неслучајно за него велат дека е меѓу најромантичните и блескави места во светот.
Архитектонската величественост на француската престолнина пак дефинитивно импресионира. Но не само тоа – малите кафулиња, пекарници и обоени пејзажи исто така.
И додека денес речиси секој од нас (со доволно желба) може да си дозволи да допре до шармот на Париз, малку луѓе знаат како изгледал градот пред цел еден век.
За среќа, ретки фотографии во боја го запечатиле главниот град на Франција таков каков бил пред 100 години.
Фотографиите се создадени по желба на францускиот банкар Алберт Кан. Во 1909 година тој им порачал на четворица фотографи да го документираат Париз, но не со помош на типични за она време црно-бели кадри, туку со шарени слики.
Пет години подоцна фотографите го крстосуваат градот и запечатуваат многу од неговите лица.
Видете ги и вие во нашатагалерија.
Фото: Albert Kahn