Најскапиот стан во Дубаи ќе има осум спални, инфинити базен, огромна надворешна тераса, гаража за 12 автомобили и … домашна слугинка. Тој ќе се продава за 32 милиони британски фунти и ќе биде подготвен по две години – во 2017 година.
Пентхаусот кој навистина ќе личи на мала оаза, ќе се наоѓа во 25-катниот луксузен комплекс “Palm Jumeirah”.
Едниот ѕид на зашеметувачкиот стан ќе е целиот со прозорци, нудејќи прекрасен панорамски поглед на целиот град на Обединетите Арапски Емирати.
Извонредната зграда во која ќе се наоѓа живеалиштето е дизајнирана од архитектите на њујоршката фирма SOMA.
Во зградата ќе има уште фризерски салон, кино, спа и фитнес сала. Пред проектот за овој стан, најскапото живеалиште во Дубаи се наоѓаше во зградата Бурџ Калифа и чинеше 16.3 милиони американски долари.
Видете ги фотографиите во галеријата.