Секоја година Француската ривиера е атрактивно место за илјадници љубители на луксузот, кои се насочуваат токму кон оваа дестинација, кога станува збор за нивниот одмор.
Совршен летен одмор сепак не би можела да биде таков, ако човек не располага со идеалниот хотел, ресорт, вила или куќа, во која ќе престојува. Затоа не е изненадување дека Француската ривиера е навистина богата со луксузни и примамливи места за туристите.
Токму такво место е вилата во калифорниски стил , сместена на рид во престижното француско одморалиште Рокбрјон-Кап-Мартен .
Таа е изградена на три нивоа и располага со шест спални, загреан базен, летна кујна, сауна, затворена гаража со капацитет до три автомобили и отворен паркинг за уште пет возила.
Восхитувачкиот имот е во калифорниски стил и е збогатен со воодушевувачки поглед на Монако, Рокбрјон-Кап-Мартен и Средоземното Море . Убав прилог е дрвото што архитектите го оставиле како дел од терасата и е природен извор на сенка истовремено.
Влезете во нашата галерија и разгледајте ја вилата на Француската ривиера, во која ќе посакате да поминат дел од летото.
Може да понесете со себе и многу пријатели, бидејќи имотот располага и со посебна куќа за гости.