Камбоџа секогаш ќе биде посебно место за холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, која токму таму го сними и хит филмот “Лара Крофт: Томб Рајдер”, а една година подоцна од азискиот крај го посвои и постариот син Медокс.
Неодамна, пак, од егзотичната Камбоџа беа фасцинирани поп дивата Бијонсе, првата дама на САД – Мишел Обама и ексфудбалската ѕвезда Дејвид Бекам, кој ја посети земјата како дел од својата мисија за UNICEF. Сопругот на Викторија Бекам ја опиша Камбоџа со зборовите: “Ова е едно од најубавите места што сум ги видел во светот!”
Вистината е дека оваа држава во Југоисточна Азија има многу што да им понуди на туристите – авантуристички места, знаменитости, неверојатно убава природа, луксузни хотели и локали со одлична кујна.
Ако имате шанса да ја посетите Камбоџа, задолжително треба да се посетат храмовите Анкор Ват, Ta Прохм, Бајон и Бантеајсреј.
Само во реонот на градот Сием Ријп има над илјада храмови, од кои дел се појавуваат во филмот за Лара Крофт.
Покрај храмовите, интересните знаменитости во оваа земја се лебдечките села на убавото езеро Тонле Сап.
Постојат три главни села, но Компонг Клеанг се смета за најавтентично. Добро би било да ја посетите и локален циркус – младите жители на Камбоџа се изразуваат многу вешто преку изведувачките уметности.
Ако се прашувате каде да се сместите, најдобро место е Амансара. Ова е прекрасен хотел со пет ѕвездички, кој се наоѓа на прагот на археолошкиот парк Анкор и сместен еоколу централните зелени површини на поранешната резиденција на кралот Нородом Сианук.
Во градот Сием Ријп можат да се видат популарниот Стар пазар, Националниот музеј и оживеаната улица со барови и ресторани.
Погледнете ја оваа прекрасна земја во галеријата.