Зашеметувачката вила на Дејвид Боуви беше прогласена за продажба за сума од 20 милиони американски долари, неколку дена по смртта на 69-годишниот култен пејач.
Тропското парче од рајот на Боуви е на приватниот карипски остров Мустик, омилено место за одмор и на кралското семејство Вилијам и Кејт.
Тој ја купува куќата непосредно пред да се ожени за сомалискиот топ-модел Иман, во почетокот на 90-тите.
Екстравагантниот и колор ентериер на вилата е во балиски стил и бил создаден пред околу 30 години од самиот Боуви, кој велеше дека островот е толку релаксирачкп место, што му е тешко да работи таму.
Во едната соба има маса заеир хокеј, мини сцена со гитари и тапани и шарени дезени на птици, висат од таванот. Освен тоа вилата располага со базен со бар и тропска градина.
Во 1992 година глам рок иконата го пушти списанието Architectural Digest во вилата, а во интервјуто изјави: “Сакав ентериерот да не е типичен за Карибите.Тоа е мојот каприц. Ги сакам најдобрите клишеа, а оваа куќа за мене е едноставно најпрекрасното клише. Мустик е остров на фантазиите. ”
И покрај љубовта кон ова место, Дејвид и Иман се преселиле заедно во Њујорк Сити и пред неколку години решија да го продадат карипскиот имот за 5 милиони долари.
Последниот сопственик на убавата5-собна палата беше британскиот издавач и поет Феликс Денис, кој исто така почина во 2014 година.
Видете фотографии од вилата во галеријата.