(ГАЛЕРИЈА) Кинеското богатство

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Кина е огромна земја која дефинитивно има што да им понуди на туристите кои дошле да ја запознаат.a4aec8b1522dac58a8babecdcd65bafa (1)

Според многумина еден од најубавите градови во целата држава и едно од местата кои дефинитивно вреди да се видат, е градот Лицзјан .

Тој е лоциран во југозападна Кина, во провинцијата Јунан . Оние кои сакаат да го посетат веќе имаат одлична можност за сместување – новоотворениот луксузен хотел Amandayan .

Тој е лоциран на рид, над заштитениот од УНЕСКО Стар град во Лицзјан, што дополнително ќе го направи престојот на гостите незаборавен.

Хотелот се состои од згради во традиционален стил и нуди 35 соби со тераси и поглед на градот, кон околината и снежните планини, вклучувајќи го Jade Dragon Snow, се смета за еден од најубавите врвови во Кина. Дизајнот му е типичен за регионот и ја пресоздава хармонијата помеѓу човекот и природата.

Гостите на Amandayan имаат можност да се хранат во неколку ресторани на  хотелот. The Lounge е лоциран во непосредна близина на рецепцијата, отворен е во текот на целиот ден и нуди западни и азиски јадења .

Во подготовката на храната што се нуди таму, се користат биопродукти, одгледувани во регионот. Ресторанот Man Yi Xuan е отворен за ручек и вечера, а менито му вклучува традиционални јадења од регионот .

Tea House нуди кинески закуски и чај во позадината на смирувачкиот поглед на Стариот град.

Во хотелот има и спа центар , каде се нудат различни масажи со јога и акупресурни техники. Во средината на дворот на комплексот се наоѓа и 20-метарски отворен базен, кој се грее во текот на целата година.

ff60b673a3ccccbafbfacdcd1c701984 fdcc1a6f24faae3f171ae5a803040f35 6e822f52b7af4ae568e53cb4e56e22ca 512dbb92a37f7edf7302c19778668fc6 805716fc88719c84a29bf7ee25b2b908 cfebc68ad46b4b41f6f2eb7ba28026c1 dfbc6a2195e6675f4936bd8779e44b72