Ако како мали ви се допаѓаше “Алиса во земјата на чудата”, најверојатно цртежите на Кристина Веб нема да ве остават рамнодушни.
Некои од нив се речиси толку необични, како ликовите од детскиот роман.
Имагинацијата на 19-годишното девојче од Нов Зеланд раѓа прекрасни комбинации и комбинации меѓу женското тело, храната и цвеќињата.
Кристина вешто ги испреплетува познатите цртани ликови со шарени бои, користејќи 3D објекти за поизвонреден резултат.
Колку одлично би било да имате спектакуларен елегантен фустан од пердуви од паун? Едно од ремек-делата на Кристина Веб ќе ви го покаже токму тоа.
Девојката користи и листови од рози во различни бои за да создаде импресивни фустани – идеја, за која дури и многу модни дизајнери би ѝ завиделе!
За да се разбере подобро, сепак за какво волшебништво од бои и идеи точно зборуваме, едноставно влезете во нашата галерија и фрлете се во блескавиот свет на различни нијанси.
Фото: Kristina Webb