Малите кученца се најслатката работа на светот. Малите мечиња исто така го топат срцето, само ако мајка им не е во близина.
А, замислете мали и слатки кученца, кои се толку мекани што личат на мечки! На секој му се случило да види мало кученце, кое наликува на меченце, но е неверојатно да наликуваат толку како овие.
BoredPanda претставува серија на слики, собрани во мрежата кои покажуваат колку многу кучешки бебиња личат на мали мечки. Некои раси кучиња се толку меки и заоблени како мали што навистина може да се помешаат со мали мечки.