(ГАЛЕРИЈА) Куќата што ја дизајнираше Кејт Мос

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Кејт Мос веќе е модна икона, моден дизајнер и актерка, но изгледа Британката има многу таленти. Најновиот предизвик кон кој сега се  насочила Кејт, е внатрешен дизајн.d5e2af8480b2e11914f1bf2961fb71ce

41-годишниот модел го објави својот прв проект во оваа област, имено – “The Barnhouse”.

Имотот се наоѓа во живописниот регион Котсуолдс во Англија, каде што и самата Кејт понекогаш престојува.

Куќата располага со пет спални, базен, езера во дворот и приватна шума. Се наоѓа на час и половина возење од Лондон. Сите овие убавини сепак имаат и своја цена – 2,5 милиони фунти.

Голем дел од мебелот на куќата е направен од Дејвид Хадок – човекот чие дело е личната гардероба на Кејт Мос во домот  во англиската престолнина.

Во нашата галерија може да видите фотографии од луксузниот имот, кој е првиот внатрешен проект на светски познатиот модел.