Куклите се колку убави и интересни, толку и застрашувачки понекогаш. Постои дури и фобија од кукли наречена педиофобија.
Куклите на рускиот уметник и сликар Михаел Зајков се повеќе од реални. Нивните лица се толку експресивни што ако не знаевте дека се кукли, ќе ги помешавте со луѓе.
Кога ги гледа нивните лица, човек има чувство дека секој момент некоја од куклите ќе трепне со очите и ќе прозбори. А можеби и ќе се раздвижи …
Зајков завршил на Кубанскиот универзитет во Русија во 2009 година. Работел во куклени театри уште пред да го заврши своето образование. Неговите кукли биле претставувани на различни експозиции, а неговата слава стекнува поголем обем по изложбата “Art Dolls” во Москва во 2013 година.
За неверојатно вистинските очи на своите кукли Зајков користи специјално германско стакло кое го црта рачно, а косите им ги прави од француски мохер.
Останатите фотографии погледнете ги во галеријата.
Галерија: BoredPanda; Instagram