Многу од луѓето кои живеат т.н. “Современ начин на живот”, можеби треба да побараат интелигентни алтернативи како да ја заменат живата елка со нешто оригинално како украс и хумано како решение.
Обично, повеќето луѓе кои мислат за природата, купуваат вештачка елка и ја красат секоја година на ист начин на кој би украсувале отсечено дрво.
Некои луѓе сепак бараат нешто повеќе во декемвриската празнична декорација на својот дом. Сакаат таа да е креативна, повеќе оригинална и забавна, макар и разликувајќи се донекаде од традициите.
Ако сте љубители на иновативни идеи и не паѓате на конфекција, обидете се и вие да создадете нешто слично во вашиот ентериер и така да дадете поизвонредна атмосфера на својот Божиќ и Нова Година.
Во нашата галерија можете да видите интересни предлози за алтернативни божиќни елкички.