(ГАЛЕРИЈА) Луксуз за 16 милиони долари: Во куќата на Келвин Клајн

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Името на дизајнерот Келвин Клајн е синоним за елеганција и минимализам. Не е изненадување, дека неговата вила во Мајами, Флорида може да биде опишана токму со истите зборови.77ade329411f11a15fe03eada6c7cc73

Домот за одморање на докажаниот естет чини 16 милиони долари, според агенциите за недвижности. Стилскиот дом на Клајн е решен во пастелни, неутрални тонови и во голема мера личи на луксузен спа центар.

Уникатната куќа е изградена во далечната 1929 година и е со површина од 580 квадратни метри. Таа располага со внатрешен двор и големи пространи простории.

Мебелот е со многу чисти линии, а тука-таму Клајн его украсил ентериерот со антички детали и предмети.

Куќата има пет спални, седум бањи и инфинити базен, кој е опкружен од бамбусови дрва специјално избрани од познатиот дизајнер.

Видете ја вилата на Клајн во галеријата.