Мајами е еден од епицентрите на забавата во САД. Популарната туристичка дестинација не само за странци, но и за самите Американци, привлекува дури и многу популарни личности.
Всушност не се малку ѕвездите кои имаат огромни куќи или станови во Мајами Бич .
Веројатно новиот луксузен пентхаус , пуштен неодамна на пазарот, ќе стане сопственост токму на некоја позната личност.
Или пак на некој финансиски обезбеден човек подготвен да се раздели со 19 милиони долари во името на задоволството да поседува неверојатен пентхаус во Мајами Бич.
Имотот ги опфаќа 23-тиот и 24-тиот кат од зградата во која се наоѓаат и нудат 5 спални и 6 бањи.
Постои изобилство од простор за забава – па најдобро може да се опише пентхаусот, кој е одличен терен не само за живеење, но и за приватни забави .
Сопствен базен, џакузи на покривот, отворен бар, билјард маса, фитнес, парна бања се само дел од додатоците со кои луксузниот имот искушува.
За да ги дознаете целосно неговите квалитети, посетете ја нашата галерија и разгледајте сами.

























