(ГАЛЕРИЈА) Мајами Бич се подготвува за 100-годишен јубилеј

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Најпознатото одморалиште во САД – Мајами Бич за неколку дена ќе наполни 100 години од своето основање.d8f24a5c89ecbbffeed8ae1e497ebb44

Градот се наоѓа во округот Мајами-Даде во државата Флорида, во непосредна близина на Мајами, но тоа се два одделни града.

Зимскиот е полн со стилски хотели, прометни улици, прекрасни ресторани, скапи автомобили, терени за одбојка, кул установи, импресивни домови на познати личности и, се разбира, има долга песочна плажа, која нуди поглед кон Карибите.

Мајами Бич е создаден токму на датумот 26 март 1915 година. Островското гратче нуди бескрајни можности за шопинг, релаксација и ноќен живот.

По повод вековниот јубилеј, градоначалникот на Мајами Бич Филип Левин организира 100-часовни прослави во периодот 22-26 март, кои ќе вклучуваат симфониски концерти, проекција на филмови на џиновски ѕид, врвни уметнички настани, улични фестивали и мегаконцерт, опишуван како “Вудсток на плажа. ”

Меѓу ѕвездите кои ќе пеат на настанот се Бери Гиб, Глорија Естефан и Андреа Бочели.

Концертите ќе се бесплатни и ќе се одржат на песокот на познатиот крајбрежен булевар “Ocean Drive”.

27a36af02f1a5ddcca86ba6b571910a3 871d168fd1a6a11f5b1f5741594f368e 0910992cd07003e34c3b12b4e1cd32e8 b33ca4b8432359232f91bb18c26eace3 18b5e851c793f145bf02065c17017f4f 428cada7b00d3414455e842936fc8334 8408b32372f0da98cc8753ba2c41b839 2d4818bd6856c0f19c8b7b9261310093 8111e0ff54d13cade6aa82eadde96041 9fde6e869ec504b192d1577d5fb4e390 b7b419cb9769a76df09d57bc64a984ab