Ексцентрично или не, но еден од последните трендови меѓу ѕвездите е да ги облекуваат своите ќерки како мали свои копии. Така, предавајќи личен одобрен и успешен стил, успеваат да им обезбедат добар старт во претстојната долга модна авантура.
Ѕвездите во мини големина се толку инспиративни што понекогаш се прашуваме дали пак во облеката на децата не се препечатува модниот успех на нивните мајки.
Во нашата галерија можете да видите малите принцези на модните кралици како Ким Кардашијан и Џесика Алба, од кои се инспирираме секој ден.
