(ГАЛЕРИЈА) Мајли Сајрус со нова куќа и стариот свршеник Лиам

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Мајли Сајрус си купи нова куќа во Малибу, за сума од 2,5 милиони долари. Домот на поп-ѕвездата може да не е многу голем, но е само на неколку чекори од плажа.0b4a58bfd3cb065f276485cfcdf9aded

Пејачката, која неодамна потпиша договор да стане судија во шоуто The Voice, заедно со Адам Лавињ, Кристина Агилера, Блејк Шелтон и Фарел Вилијамс, се здобила со куќа во соседството Оушнсајд Рамирез Кањон, кој се слави со своето бујно зеленило од дрвја и тропски растенија.

Куќата е изградена во 1958 година и е во ремонт.

Таа е со површина од 140 квадратни метри и има четири спални, дневна со трпезарија, три бањи и гаража за три автомобила. Во зелениот двор има белведер, тераса и џакузи.

Покрај тоа куќата може да се пофали со два хектари земјиште. Според многу извори Мајли ја купила куќата со идејата да почне тука живот со својот вереник Лиам Хемсворт. Двајцата се смирија неодамна по година и пол разделба.

Видете фотографии на куќата во галеријата.