Ако се прашувате како изгледа домот на еден модел на Sports Illustrated, тогаш погледнете го овој на рускиот супермодел Ирина Шајк.b7f6c97e780312679651d161d4fdc690

Последната девојка на холивудскиот актер Бредли Купер живее во минималистички, но доста шик стан на две нивоа, кој се наоѓа на “Пери Стрит” во Вест Вилиџ, Њујорк.

Убавицата купила стан од 242 квадратни метри за сума од речиси 2 милиони долари во 2010 година, набргу откако започнала да излегува со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо , со кого се раздели во почетокот на 2015-та.

Станот на Шајк се наоѓа во модерна зграда, со брановидна стаклена фасада. Домот на жешката Ирина има 3 метарски тавани, дабов паркет и големи прозорци.

Познатата Русинка го опремила станот во модерен стил, а се потрпела најмногу на белата боја. Акцентот во дневната е убавиот столб со стаклен оградата, која ја дели дневната зона од двете спални. Гардероберот на бринетата, каде што таа ја чува огромната колекција од чевли, дефинитивно заслужува восхит.

Во декември Ирина го огласи во продажба својот дом за сума од 2,6 милиони долари, а се повеќе упорно се зборува дека таа планира да се пресели да живее во домот на Бредли во Ел Еј.

Инаку во престижната област Вест Вилиџ живеат и многу други ѕвезди како Хју Џекмен и Карла Клос.

Видете повеќе фотографии од станот на Ирина во галеријата.