Вечната телевизиска водителка Опра Винфри плати 28,8 милиони долари за неверојатен ранч по крајбрежјето на Монтесито, Калифорнија.
ТВ ѕвездата наскоро ќе ги купи и коњите, кои ќе ги исполнат шталите и ќе трчаат по бујните ливади. Двете купувања не се посебен проблем за неа. Според CNN имотот ѝ се проценува на 3 милијарди долари.
Ранчот, се разбира, е комплекс од еднокатни згради, но забележете – лоцирани во имот од 93 хектари! Од него се откриваат прекрасни глетки кон Пацификот и планините на Санта Инез.
Проектот за чудниот ранчот е на архитектот Клиф Меј. Вкупниот капацитет се шири на површина од 470 квадратни метри. Станбениот дел има 4 спални и 5 бањи, а тие се предвидени да ги пречекуваат гостите на Опра и нејзиниот сопруг – бизнисменот Стедман Греам.
Се тргнува од една тесна уличка со камена ивица. Таа поминува низ тропска вегетација, осветлена од жешкото сонце. Рамен асфалтен пат стигнува до главната резиденција, која од птичја перспектива личи на авионска елиса. Фоајето е во првиот корпус, а во останатите два се спалните, санитарните јазли и останатите секојдневни соби.
Лево се наоѓа најважниот дел од ранчот – домот на коњите. Тој е изграден од челик и лим, не е традиционална дрвена штала.
Низ бескрајниот шир откриваме езерце со златни рипки, алпинеум и убав терен за тренинзи со коњите. Едно е сигурно, Опра не троши за случајни нешта!
Можете да го разгледате ранчот во нашата галерија.