(ГАЛЕРИЈА) Најчудните ски колиби во светот

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Ски колибите веќе не се тесни дрвени бунгалови, какви што беа своевремено. Денес тие се со футуристички дизајн и ги нудат сите удобности на своите гости.280c796a127a0d689c88e5b35a473f2a

Предметните колиби додаваат вистинска убавина кон и без тоа гламурозниот снежен пејзаж на падините на различните зимски одморалишта.

Некои од овие прекрасни вили се наоѓаат на врвните летувалишта, други се на осамени места во планините, но концептот на сите е ист – тие се чинат како земени од иднината.

Таков е хотелот Tschuggen Grand Hotel во Швајцарија (на фотографијата). Тој вклучува 130 уникатни бунгалови, создадени од стакла со обоени сегменти кои се наредени врз белиот снежен тепих.

Гостите на хотелот можат да очекуваат навистина луксузен престој, со пет ресторани, тераси, бесплатен WiFi, телевизори со DVD плеери и т.н.

Видете ги и другите футуристички зимски колиби во галеријата.