Во североисточен Гренланд се наоѓа најневеројатниот глечер во светот, имено Слонoво стапало.
Едвај има човек кој не би се израдувал на неговата извонредна форма. Таа се должи на огромниот притисок на мразот, кој успеал да помине низ планината и да се “истури” во морето.
Глечерите како овој се нарекуваат “Пиемонт”. Обликот на Слоновото стаполо е исклучително остар и различен од сè друго во реонот околу него (особено гледано на неколку метри над земјата).
Глечерот се наоѓа на полуостровот Kronprins Christian Land и не е поврзан со главната ледена покривка на Гренланд.
Слоновото стапало е дел од мрежа од глечери и поларни капи кои “висат” на периферијата на островот.
Според истражувања овие оддалечени глечери се помеѓу 5% и 7% од вкупната покриеност со мраз на Гренланд, но се одговорни за околу 20% од зголемувањето на морското ниво.
Општо земено глечерите се неверојатни природни феномени. Се акумулираат со векови, но нивната состојба е предмет на постојана промена.
Движењето на еден глечер не може да биде забележано лесно – за такво нешто ќе ви требаат неколку децении, по кои би можеле да видите драстична промена во пејзажот.
Во нашата галерија може да видите уште фотографии на Слоновото стапало.