Оригамито е древна јапонска уметност за обликување на минијатурни скулптури од хартија. Оваа уметност остава впечаток секој пат.
Еден креативен ентузијаст на име Кристијан Мариансиус решава да создаде импресивна оригами серија од 365 минијатурни хартиени фигури, Пресоздавајќи ги чувствата и емоциите во секој еден ден од календарската година.
Творецот користи секакви бои на хартијата, пренесувајќи ги целосно расположението, чувствата и искуствата во соодветниот ден.
Дел од најголемата збирка на уникатни оригами креации можете да ја видите во галеријата овде.