(ГАЛЕРИЈА) Најнеконвенционалниот хотел во светот

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Во светот постојат стотици луксузни хотели со пет ѕвездички, кои импресионираат со својот ентериер, услуга, храна, позиционирање.6db98fb2b2771008c60c44eafb916313

Несомнено престојувањето на вакво место е пријатно и удобно, но далеку поинтересно е човек да посети некој навистина незаборавен хотел.

Таков е сигурно Treehotel лоциран во Харадс, Шведска. Уникатното во однос на овој хотел е не само фактот дека е лоциран на метри над земјата меѓу дрвјата, но и дека располага со шест извонредни соби.

Секоја од собите е одвоена од другите и изгледа поинаку од нив. Една од најимпресивните соби неспорно е онаа која личи на НЛО.

Друга, која нема да ве остави рамнодушни е онаа која личи на огромно живинарско гнездо.Има и алтернативна соба, која ја одразува убавината на животната природа.

Не само надворешноста на Treehotel е уникатна. Внатрешноста на хотелските соби е модерна и стилска, како и одговара на надворешната обвивка. На пример, перниците во НЛО-собата се со вселенска тематика.

Шведската хотелска оаза меѓу дрвјата нуди уште ресторан, бар, сауна, зона за релаксација, како и телевизија и интернет. Влезете во нашата галерија и проверете го најнестандардниот хотел во светот.

Фото: Treehotel