Секој човек, без разлика од неговата материјална состојба, се труди да си создаде убава атмосфера дома, во кој ќе се чувствува удобно.
На некои од најбогатите луѓе сепак не им недостасува ексцентричност. Меѓу нив има такви кои си изградиле меко-кажано чудни куќи со прилично необична архитектура.
Веројатно овие домови биле предизвик за архитектите и дизајнерите, но исто така сигурно тие имале некаква спектакуларна идеја којасонувале да ја реализираат.
Некои од овие куќи, макар и со чуден облик, всушност изгледаат пријатни и нудат убав, живописен поглед надвор.
Куќата на сликата погоре, наликува на огромна сателитска антена, а едната нејзина фасада е целосно од стакло. Оваа пак подолу е како погодена од земјотрес.
И двете куќи сепак чинеле многу пари за сопствениците и веројатно се со доста луксузен ентериер.
Погледнете некои од најчудните куќи за живеење во светот во галеријата.









