(ГАЛЕРИЈА) Најстрашните торти кои сте ги виделе

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Кога ќе се спомене торта , сите замислуваат убав и обоен колач со мек крем , фил од чоколадо , можеби овошје и јатки.f7fab12e0a06cf83a95b93cdc2cc87df

Никогаш не би сте помислиле за нешто одвратно што тешко би можело да се погледне, а камоли да се стави во устата!

Такви страшни колачи прави Кетрин Деј. Таа има 30 години и работи како медицинска сестра во Њујорк.

Веројатно професијата го инспирирала создавањето на толку реалистични колачи , претставувајќи трупови лица, мозок, црева, екстремитети и крвави парчиња од човечко тело.4923173303c935de64de9dd156f9f825

Тортите на Кетрин се исклучително реалистични, а талентот ѝ е повеќе од необичен.
Деј почнала да  ги прави невообичаените торти пред неколку години, а првата торта била дрво, покриено со печурки. Оттогаш полетоза докажување постојано се проширува.6f386ec45931502385dcba5d50d8ed67
Кетрин Деј вели дека за изработка на најчудните и реални колачи се бара многу време и прецизност. Повратните информации за тортите се различни. Некои луѓе ја прекоруваат, други ја поддржуваат, трети се згрозуваат.

Таа смета дека без разлика колку луѓе се гадат од нејзината работа, тие сепак ја оцениле некако. За неа ова е важно, бидејќи значи дека колачите навистина изгледаат многу реални.