Осветлувањето е еден дел од внатрешноста на домот, на кој не обрнуваме толку внимание, бидејќи обично е досаден. Тоа треба да се промени. Овде ќе ви прикажеме неколку идеи за тоа како сами да си направите ефектна ламба или свеќник.f6a2438a921747cabc204135cd0a7709

1. Лампион од шише

Овој тип на осветлување е погодно како за внатрешните простори на нашиот дом, така и за надворешни. За да си направите такви, ви треба стаклено шише од вино или друг алкохол, чија форма ви се  допаѓа.

Внимателно отсечете го дното на шишето. Потоа треба да го провлечете кабелот на фабрички изолирана фасонка и готово. Забележете дека фасонката, што ви треба, треба да биде наменета за сличен тип производи.Односно во внатрешноста на кабелот е потребно да има јаже што ќе го издржи шишето. Инаку ве очекуваа кинење на кабелот и краток спој, што не е многу пријатно искуство.

2. Светилка од садови

Ако паѓате на винтиџ или индустрискиот стил, во него идеално би се вклопило импровизирано осветлување, во чија основа се домаќински садови. За целта ви е потребен каков и да е сад – цедалка, чаша, сад за мафини или шолја.

Изработката е исклучително едноставна. Откако сте ја избрале вистинската фасонка, треба да се прободи долниот дел на садот и да го поврзете телото со кабел. Сличен тип светилки создаваат исклучително ефектна атмосфера, бидејќи самите садови носат со себе некаков карактер.Обрнете внимание на чашите за чај. Со векови тие биле графрани од искусни уметници.Замислете како овие прекрасни производи од керамика висат од таванот. Не е ли убаво?

Можете да одите дури и подалеку. Визбата ви е полна со тегли, нели? Зошто да ги фрлите, кога можете да направите со нив пријатно катче на балконот. Од истата методологија како во горните инструкции селектирајте го електричниот дел, по што го пробивате капачето и готово! Ако пак сакате да направите нешто романтично, ставете свеќи наместо сијалици.

Ослободете ја фантазијата. Секое непотребно нешто во вашиот дом може да биде претворено во убав детаљ.

Погледнете за уште идеи во галеријата.