Исхраната кај децата често е предизвик за родителите. Малите имаат цели групи со храна, кои не сакаат да ги консумираат, но се важни за нивниот раст. Исхраната треба да биде не само разновидна, но и да ги забавува малите, а покрај нив и нас возрасните.
Инспирирани од децата и претстојните празници споделуваме неколку прекрасни идеи за прекрасни детски менија. Додека ги приготвувате за вас ќе бидат вистинска инспирација, а за малите нема сомнение дека ќе изедат сè што сте им сервирале.
Мечето Пу е омилен лик. Овој е направен од палачинки, здрава количина чоколадо и свежо овошје и зеленчук.
Овцата Шон се разбира е направена од убав ориз, јајца и исклучително вкусна и корисна брокула.
Не пропуштајте да направите и мени со мињон. Потребна ви е елиптична палачинка, свежи плодови, малку чоколадо и неколку соленки.
Новогодишните мечоци се убави и многу вкусни за јадење. За овој ќе ви се потребни урда, бел и кафеав ориз, свежи пиперки, брокула и две соленки.

Сендвичите не се она што беа! Ова симпатично розово прасе Пепа Пиг е направено од леб, шунка, пиперка и чедар сирење.
Волшебниот замок е вистинска кулинарска уметност послужена во чинија. Исечете неколку ленти авокадо, свежо киви, додадете малку сирење и двопек.
Галерија: instagram