(ГАЛЕРИЈА) Неверојатни светлечки тела

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Уметникот Џон Пополтон продолжува со спектакуларната серија од фотографии на голи блескави тела.614d888c207cf0907ecbab4499153683

Пред повеќе од една година тој покажа уникатни слики, насликани не на платно, туку на кожата на луѓето.

Сега тој повторно користи модели, за да создаде втор дел на познатите и навистина импресивни пејсажи кои светат во темница.

Од летна африканска савана до грмотевици – уметникот има способност да долови различни смирувачки сцени врз облиците на човечката фигура.

Обично сликите се нацртани врз грбот на субјектот, но понекогаш се расчленуваат и на рацете, нозете и дури главата.

За правење на некои пејзажи пак е потребен повеќе од еден човек, па затоа понекогаш моделите се два или дури три.

Посетете ја нашата галерија и погледнете ги неверојатните блескави тела кои се како магични.