Актерката Кери Вашингтон и нејзиниот сопруг – спортистот Намди Азомуга одлучија да се разделат со убавата куќа во Холивуд Хилс.
Ѕвездата од серијата “Скандал” и филмовите “Џанго без окови” и “Реј”, и поранешниот натпреварувач во американски фудбал сакаат 2,6 милиони долари за домот, сместен во ридот над Лос Анџелес.
Куќата на Кери е изградена во далечната 1926 година и е во француски, рустикален дизајн. Во зградата има главна куќа, куќа за гости, базен, убава градина, надворешно огниште и игралиште за кошарка.
38-годишната Вашингтон го купи имотот минатата година за 1,8 американски долари, малку пред да се здобие со своето прво дете – ќерката Изабел.
Сопружниците имаат и стан во Менхетен.
Истражете ги убавините на овој фасцинантен дом на актерката во галеријата.