Неодамна ви раскажавме за двајца акробати кои патуваат во различни точки на светот и кои на секое ново место кое го посетат, склучуваат брак .
Во рок од 90 дена двојката си рекла повторно “да” цели 38 пати!
Изгледа патувањата по светот, се нешто што ужасно силно ги привлекува вљубените парови.
Други ентузијасти кои кружат во различни земји и уживаат во авантуризмот се фотографот и екстремен спортист Џеј Алварез и неговата девојка модел –Алексис Рене .
Двајцата живеат неверојатен живот , исполнет со спомени од убави катчиња во различни држави и уште поубаво љубовни моменти .
Фотографиите од нивните патување се доказ дека вљубените буквално ја искусуваат бајката во реалноста!
Нивниот начин на живот се базира на максимата дека човек треба да искористи максимално од својата младост, од слободата и не на последно место – треба да се оддаде на љубовта кон саканиот и кон патувања до блиските и далечните егзотични места.
Во нашата галерија можете да ја разгледате магичната бајка на Џеј Алварез и Алексис Рене.
