(ГАЛЕРИЈА) Неверојатно реалистични портрети на холивудските ѕвезди

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Цртањето е една од оние дарби, за кои колку и да читаш и учиш, никогаш нема да успееш да ги стекнеш, без да ги имаш вродено.f18b8c2361b399b70c118ae16ee28644

Затоа таа е толку драгоцена – со неа  човек може да ја рекреира реалноста или пак да си создаде нова. Само прашање на желба и инспирација.

Многу се впечатливи портретите на италијанскиот илустратор Давид Моретини– несомнено неверојатно талентиран.

Со помош на акварел бои тој ги “оживува” познатите холивудски актерки на белиот  лист. Цртежите претставуваат портрети на некои од најомилените светски дами и се исклучително реални .

Натали Портман , Анџелина Џоли и Никол Кидман се само некои од ѕвездите, дел од колекцијата на Моретини.

Впечаток прават неверојатните детали на секој портрет и точната сличност со “оригиналот”. Не може да се пропушти и тродимензионалниот ефект кој е забележлив и кој дава дополнителна реалистичност на секоја слика.

За да се уверите во мајсторство на италијанскиот илустратор, посетете ја нашата галерија .