(ГАЛЕРИЈА) Нина Добрев ги отвори вратите на домот

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Нина Добрев ги отвора вратите на својата сончева калифорниска куќа, која се наоѓа во Западен Холивуд.2f1e882d32e93eb36a4e9b57b38f0983

Актерката со бугарски корени живее во мал, но исклучително стилски дом, изграден во далечната 1929 година.

Пријатното и уредно живеалиште на Нина се смета за бунгалов по Калифорниските стандарди, а таа го уредила со помош на фирмата Consort Design.

Добрев споделува: “Ми се допаѓа пространи, сончеви домови. Сметам дека во оваа куќа има добра енергија -ја чувствувам. Во неа има зен расположение. ”

Нина сакала да ја избалансира оригиналната архитектура која е во шпански стил, со модерен контрапункт. Таа ги избрала  декорациите со различни акценти и предмети собрани од патувањата во светот.

“Секој предмет си има историја”, објаснува талентираната бринета, која е израсната во Ванкувер.

Таа раскажува: “Живеев во Атланта во период од шест години, за време на снимањето на серијата” Дневниците на вампирот “, но во тоа време постојано разгледував онлајн прогласи за куќи во областа на Лос Анџелес и ништо не ме грабнуваше. Еден ден го видов огласот за оваа куќа и буквално тргнав да трчам кон имотот, кој беше на една раскрсница од домот на моја пријателка. ”

Куќата има отворено езерце, околу кое таа веќе правела забави. “Сакам да се забавувам на отворено – јас да готвам, куќата да ми е исполнета со пријателите, да играме пинг-понг – тогаш се чувствувам навистина удобно”, вели таа.

Истражете го стилскиот дом на Нина вогалеријата.