Сите знаеме дека Лас Вегас е град кој никогаш не спие. Тоа е центарот на коцкарската забава во САД, рекламиран е како главен град на забавата во светот, а е познат и како градот на гревот.
Тука не само што сите форми на коцкање се легализирани, но и нема ограничувања во понудата на алкохолни пијалоци во секое време, а освен тоа тука има секакви форми на забава за возрасни.
Инспириран од тоа, познатиот фотограф Винсент Лафоре решава да направи ноќни снимки на мегаполисот, но од височина 3 илјади метри надморска височина. Од оваа далечина Лас Вегас личи на флипер, светлечки во секакви неонски бои.
Фотографот направил уникатни снимки додека летал над градот со хеликоптер, за да добие најдобар поглед. Му требало доста храброст да ги направи ноќните фотографии, но од резултатите се гледа дека ризикот е заслужен.
Градот на гревот личи на оаза на светлата, опкружен со потполна темнина, кој всушност ја претставува пустината Невада.
Бидете сигурни дека тоа е град кој никогаш не спие од сликите во галеријата.