Возилата од проектот “моторизираната придружба”, кои се развиени за државната елита на Русија, ги положиле успешно тестовите за безбедност. Тоа го објавија од Министерството за индустрија и трговија, што одговара за развојот на возилата.
Првата серија лимузини за претседателот на Русија Владимир Путин и другите раководители на државата треба да биде достапна во 2017 година Во моментов автомобилите се испробуваат за движење при најразлични коловози, а поминале околу 10 000 км.
За време на тестовите тие треба да поминат барем 10 пати повеќе. Автомобилите исто така биле подложени краш-тестови како во Русија, така и во Германија и се справиле одлично. Покрај оклопните лимузини за Путин и на останатата менаџерска елита на Русија, проектот “моторизираната придружба” ќе понуди и помошни возила за службите за заштита и за службениците. Ова ќе биде стандарден седан, теренец и миниван, кои исто така во моментов напорно се тестираат.

Машините ќе бидат произведени во ограничена бројка, но сепак ќе се нудат и на обичните граѓани, но по прилично висока цена. Главен партнер на Русите е компанијата Porsche, која ги развива моторите за сите возила од проектот. До крајот на оваа година ќе бидат произведени 200 возила, а тоа ќе се случи во фабриките на УАЗ и на компанијата Ford Sollers. Масовното производство на моделите ќе стартува веднаш по официјалната за премиерот.

