Очигледно Опра Винфри ја сака природата и планината, бидејќи таа си купила куќа помеѓу вековните дрвја на ски одморалиштето Телорајд во Колорадо.
Една од најпознатите телевизиски водителки изброи 14 милиони американски долари за опремената куќа која до неодамна му припаѓаше на бизнисменот Боб Вол.
Имотот на Опра е со површина од 870 квадратни метри, а во него има сè што еден богат ски ентузијаст може да побара – пет спални, шест бањи, домашна киносала, огромен камин, сауна, сала за фитнес, џакузи-када и визба, во која се чуваат над 1.600 шишиња вино.
Во куќата се монтирани многу апарати кои се управуваат со гласовни команди. Така можат да се отвораат и затвораат прозорците, да се вклучува и исклучува греењето. Специјален систем го загрева патот што води кон гаражата, за да не се задржува во него снег.
Куќата е изградена во 2001 година.
Повеќе фотографии можете да погледнете во галеријата.
Фото: trulia.com