(ГАЛЕРИЈА) Новиот модерен дом на Келвин Клајн од 25 милиони долари

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Американскиот моден дизајнер Келвин Клајн доби нова палата во Холивуд Хилс за сума од 25 милиони долари, откако продаде куќа за 16 милиони во Мајами.eab928cc8c3f0acae09bab4b7de3bd42

72-годишниот моден магнат, кој е најпознат по својот истоимен бренд за долна облека, се здобил со неочекувано стилски, современ дом на еден од ридовите над Лос Анџелес.

Импресивната куќа на г-дин Клајн е со површина од 930 квадратни метри, дизајниран е од архитектот Пол Меклин и може да се пофали со 13-метри тавани, инфинити базен со водопад, гаража за осумавтомобили, пет спални и седум бањи, како и одлична тераса со поглед кон градот.

Почетната цена на имотот била 29,95 милиони долари, но Келвин успеал да се испазари за помалку.

Видете ги фотографиите на новиот луксузен дом на дизајнерот во галеријата.