Лекарите постојано нѐ предупредуваат дека сонцето е многу опасно за кожата и треба да се мачкаме со производи со висок UV-фактор и да избегнуваме одредени временски зони за добивање на тен. Човечката суета сепак не познава граници и од неодамна многу млади се подготвени да го ризикуваат своето здравје, за да се интересни и оригинални.
Најновиот тренд во мрежата претставува создавањето на тетоважи со помош на изгореници. Како се прави тоа? Поставувате одреден предмет или шема врз било кој дел од вашето тело, па кожата под неа да остане бела иако се пржи на горештините.
Резултатот може да дојде само по неколку часа и откако ќе го отстраните покритието се здобивате со сосема нов “природен цртеж”.
Трајноста е кратка, бидејќи при следното изложување на сонце, ако не ја покриете повторно, таа ќе потемни.
Многуи корисници се пофалија во мрежата со свои дела, но здравствените експерти уште еднаш предупредија дека овој експеримент може да има последици.
Сончевите изгореници водат до рак на кожата и куп други кожни болести!
Подобро не играјте си со здравјето, а ако сакате да го ишарате телото со нешто за летната сезона, одлучете се за привремените тетоважи со к`на.
Видете ги тетоважите во галеријата.