(ГАЛЕРИЈА) Параклисот кој “слетал“ на карпите

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Можеби една од работите кои најмалку би ја очекувале да видите меѓу црвените песочни карпи во пустината во американската држава Аризона, е капела.38a5e6558a184fed51dad9826db8558d

Таква сепак постои токму на тоа чудно и невообичаено место – во близина на градот Седона.

Параклисот на Светиот крст е вистинско чудо на модерната архитектура.

Неговиот дизајн е од студентката Маргарите Брушуиг Шцауде, а инспирацијата на архитектката дошла од новоизградената тогаш кула Емпајр Стејт билдинг во Њујорк.

Светото место е како продолжение на ридот и се наоѓа на речиси 61 метар над земјата. Внатрешноста  пак е многу едноставна – само неколку клупи.

Никакви религиозни служби не се одржуваат таму, бидејќи ова е место соодветно најмногу за размислување и медитација.

Параклисот се наоѓа на територијата на националниот парк Коконино и за неговата изградба во 1956 година била потребна посебна дозвола.

За да ја видите необичната градба, посетете ја галеријата.

Фото: Flickr