(ГАЛЕРИЈА) Патување со Валентино во Африка

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Ревијата на Valentino за колекцијата пролет-лето 2016 беше една од најзабележителните презентации на модната куќа.1a9f6a639b5d0ccd19d2e09060041dab

Моќта на облеката и нејзината нежност ве повлекува во својата волшебна светска графика, која буквално раскажува емоции и јан докажува причината на креативните директори да бидат во динамичниот и тежок свет на модата.

Марија Грејс Кири и Пјер Паоло Пичоли сигурно се еден скапоцен камен во круната на модната индустрија со ревија што ги пренесе гледачите и обожавателите некаде на друго место – како визуелно, така и емотивно.

Нешто што никогаш не е лесна работа, особено на крајот на сезоната. Инспирирана од африканските племенски мотиви, колекцијата демонстрира колку далеку може да стигне убавината, која користи сили од мултикултурната разновидност.

Од Valentino го избираат Стив МакКери за фотограф – име кое се поврзува со едни од најдобрите хроничари на National Geographic.

Местото на кадрите е среде населба на Масаи, лоцирано меѓу Кенија и Танзанија. Локацијата визуелно е извонредна и ја претставува разновидноста на природната убавина.

Заедно до моделите застануваат луѓето од племето Масаи – примарна инспирација во колекцијата.

“Идејата на кадрите е да го однесат гледачот на патување. Облеката е инспирирана од африкански мотив, затоа е и снимањето на фотосесијата во Африка и прикажувањето на сите овие работи и како комуницираат едни со други – односот помеѓу облеката, моделите, средината, локалното население; Мислам дека ова беше одличен напор “, изјави фотографот.

Сите снимки од рекламната кампања можете да ги видите во нашата галерија.