(ГАЛЕРИЈА) Пловечка пицерија среде пацификот

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Ако сте од обожавателите на италијанската кујна и најчесто никогаш не можете да одолеете на вкусно парче пица, како и љубители на егзотични дестинации – значи вашиот рај веќе се појави на Земјата!ae44edd53f808aea783e944b5ccbe3c0

Станува збор за првата во светска пловечка пицерија , позиционирана средеТихиот Океан .

Cloud 9 се наоѓа во близина на брегот на Фиџи и претставува луксузнен локал што нуди коктели, храна и бескраен поглед кон океанот .

Среќните кои одлучиле да ја посетат првата пицерија во светот, можат да уживаат и во совршена забава – да се нурнат во тиркизните води на Тихиот Океан , додека ја чекаат нивната нарачка.

Летачкото чудо е позиционирано на 40-45 минути патување со брод од брегот на Фиџи . Заминувањето е од пристаништето Denarau. За оние кои се желни, патувањето до Cloud 9 може да потрае само 10 минути, ако одберат глисер (заминување од Musket Cove Resort, Lomani Resort и Plantation Resort).

Менито на локалот вклучува вкусна италијанска пица, приготвена на печка на дрваВеганите и луѓето со глутенска нетолеранција не треба да се загрижени, бидејќи пицеријата вклучила неодоливи предлози и за нив.

Фото: Tor Johnson

Cloud 9 не е место каде што човек само може да се нахрани. Секој викенд пловечкиот локал е домаќин на настани со учество на домашни и странски диџеи . Уникатната пицерија може да собере до 100 гости во исто време.

Влезете во галеријата  и проверете го местото што спокојно би го дефинирале како делче од рајот на Земјата – единствената подвижна пицерија во светот.7994410dd4bc5ecf52a59f2d7b3b8084 e980f9e8593aabf519ab84202e262da0 9145d92e55aa14e8e6aec68bc913095c b0a5a8e248da72a40339a364b43d7b0d c55f8ee49c8c684f197523573d5d9036 20b329be0e736a32ccc5f9d50d24a8c9 ea2f435292daa168e51426d7c072f00a 78fc6f068d9316911f31d1460277a772 45444416f07ce6dd6c63ae499062a581 2d5aa15e20e9397bc92178cb1e6ef13a