Галерија : Почетоците на нордискиот авангарден дизајн

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Алвар  Алто  е фински архитект, урбанист и дизајнер. Тој се нарекува „Таткото на модернизмот во нордиските земји“. Неговите најпознати дела се од архитектурата, но и од дизајнот на мебел и стакларија.

Приврзаник е на функционализмот и органската архитектура. Најчесто неговите згради на хармоничен начин се вклопуваат со околниот пејзаж, со кој образуваат една архитектурна целина. Во склад со традицијата на неговата земја, посебна наклоност имал кон дрвото и тулите како градежен материјал. За повеќе негови згради, тој го има дизајнирано и мебелот.

Хуго Алвар Хенрик Алто (фински: Hugo Alvar Henrik Aalto) (3 февруари 1898, Куортане – 11 мај 1976, Хелсинки)