Ако се прашувате која е најекстравагантната свадба во последно време, таа е на синот на ерменскиот милијардер Самвел Карапетјан кој потроши за раскошната прослава во Москва минимум 2 милиони американски долари.
Милиардерскиот наследник Сергис Карапетјан се ожени за убавицата Саломе Кинцурашвили. Невестата носеше три различни фустани, вклучувајќи и волшебна творба за 35 илјади долари на либанскиот дизајнер Elie Saab.
Свадбата на 23-годишниот Саргис и 25-годишната грузиска русокоса е најблаго речено расипничка, но пак Самвел Карапетјан е број 28 на листата на Forbes на најбогатите Руси, со богатство од 4 милијарди долари.
Карапетјан, кој живее во Москва, но е роден во Ерменија, ја поседува компанијата за недвижности Tashir Group, која поседува 33 трговски центри, четири канцелариски комплекса, како и осум хотели во цела Русија.
Накитот на невестата се проценува на 200 илјади долари, а најимпресивни се покажаа дијаманти на тиарата на Tiffany & Co, која всушност беше носена и од актерката Кери Малиган во филмот “Големиот Гетсби”.
Поп групата “Maroon 5” ги забавуваше 500-те гости на младоженците и нивните родители, за хонорар, кој е помеѓу 500 и 800 илјади долари.
Покрај американската банда, на свадбата пееја голем број руски и ерменски поп ѕвезди, и танцуваа фолклорни ансамбли од Ерменија и Грузија.
На свеченоста присуствуваше голем дел од руското високото општество, како и претседателот на Ерменија Серж Саргисјан, а и руската естрадна прима Ала Пугачов.
Свадбата се одржа во познатиот ресторан на руската престолнина – Safisa. Ресторанот беше украсен спектакуларно, со зачудувачки аранжмани од розова, бела и виолетова цвеќиња, кои многу личеа на филм за некоја од принцеза Disney. Свадбената торта пак доаѓаше речиси до плафонот на салата.
За младоженецот се знае дека е дипломец на Финансискиот универзитет при Владата на Русија и дека е потпретседател во компанијата на својот татко, односно е одговорен за управувањето и трговијата со недвижен имот.
Невестата Саломе завршила моден дизајн на Државниот универзитет во Москва.
Видете слики на раскошната прослава во галеријата.