Поп-ѕвездата Пинк и сопругот Кери Харт одлучија да ја продадат луксузната палата во Малибу. Пејачката, чие вистинско име е Алиша Мур, и пензионираниот тркач во мотокрос, побараа за куќата, која се наоѓа во близина на плажа, износ од 13,9 милиони американски долари.
Двојката го купува имотот на крајот на 2010-та, кога Пинк забременува со нивната ќерка Вилоу. Внатрешноста на куќата е решена во современ балиски стил, а од терасата на куќата се открива прекрасен поглед кон океанот.
Зградата на Пинк и Кери има 5 спални, 6 бањи, гаража за 5 возила, како и самостоен стан за гости. Соседите на семејството во престижната област “Поинт Дјом” се други познати личности како супермоделот Синди Крафорд и холивудскиот актер Метју Макконахи .
Не е сосема јасно зошто добитничката на награда “Греми” и нејзиниот маж се одлучиле да ја продадат својата прекрасна мал оаза. По оваа вест, веднаш се појавија гласините дека двајцата се пред развод и тоа е една од главните причини за објавувањето на имотот во продажба.
Видете фотографии на зградата на ѕвездата во галеријата.