Природата знае најдобро како да си го земе она што е нејзино. Тоа изгледа многу подобро од ова напуштено рибарско село на островот Gouqi во Кина.
Неверојатната убавина на оваа приморска населба на духови нè тера да размислуваме како ли би изгледала Земјата по некое време, ако одеднаш луѓето по неа исчезнат … 
Овој остров припаѓа на група од околу 400 острови, познати како островите Шенгси, а тие формираат дел од архипелагот Zhoushan.
Тоа е најголемиот архипелаг во Кина и традиционално локалните луѓе на ова место се потпирале во минатото главно на риболов како своја егзистенцијата.
Во денешно време, сепак, со развојот на секундарните индустрии, кинеската економија се развива претежно во насока на производство, лесна индустрија, туризам, услужниот сектор и многу луѓе од островите се преселија на континентот, за да работат.
Токму затоа многу рибарски населби тука денес се напуштени. Но, пак мајката природа ги голта постепено, преку брзо растечки лозја и бршлен.
Видете го селото, обземено од зеленилото во галеријата!