Фирма за недвижности продаде пентхаус во Хонг Конг за рекордна сума од 497 милиони Хонг Конг-ски долари, или речиси 65 милиони долари.
Станот се наоѓа на приземјето и првиот кат во комплексот Opus Hong Kong и го победува досегашниот рекорд за најскапо живеалиште во Азија, кое го држеше дом од 433,8 милиони Хонг Конг-ски долари.
Пентхаусот располага со две паркинг места во зградата, како и со пристап до заедничката градина, веранда и тераси.

Opus Hong Kong е 12-катната зграда, која има само луксузни мезонети. Изградена е во 2012 година и таму се некои од најскапите станови во Хонг Конг. Позната е со необичната “извртена” форма и им обезбедува на своите жители поглед од 360 степени на пристаништето “Викторија” и околните планини.
