Дрејк живее во уникатен дом во населбата “Хиден Хилс” во Лос Анџелес. Раперот го купи имотот што го носи името “YOLO Estate”, во 2012-та за сума од 7,7 милиони долари.
Претходно куќата била сопственост на богат претприемач – сопственик на синџир за брза храна.
Според изворите тоа е еден од ѕвездените имоти во Ел Еј, каде што се случуваат најлудите и диви забави со години, како журката се врти најмногу околу базенот.
Дрејк сподели во неодамнешно интервју за магазинот Rolling Stone, дека е “опседнат” од големи базени и дури во родниот град Торонто неговата куќа има базен со олимписки димензии.

Така изгледаат забавите во домот на Дрејк.
Откако го купува дворецот, пејачот прави некои подобрувања во ентериерот, но речиси не ја допира импресивната надворешност, каде се базените со пештера, тенис, одбојкаркско и кошаркарско игралиште, штала.
Покрај тоа имотот располага со библиотека, визба, сала со фудбал и билијард, домашно кино, фитнес и студио, каде Дрејк ја врши работата на својот најнов албум.
Видете ја куќата на пејачот во галеријата.