Холивудскиот супер продуцент Џери Брукхајмер го огласил на продажба раскошниот дом во Brentwood, Лос Анџелес.Тој бара 14,5 милиони долари за својот имот.
69-годишниот Џери, кој стои зад хит продукциите “Топ Ган”, “Полицаецот од Беверли Хилс”, “Армагедон”, “Јавен непријател”, “Блек Хок”, “Перл Харбор” и “Пиратите од Карибите” живееше досега тука со втората сопруга Линда Сју, кој е поранешен уредник на бестселери и романсиер.
Во моментов Брукхајмер е еден од најбогатите и највлијателните мажи во Холивуд, па дури и прекарот му е “Мистер блокбастер”. Неговото богатство се проценува на 850 милиони долари, а филмовите и телевизиските серии (“Од злосторството”) донесоа приходи од над 11 милијарди долари.
Модерната куќа во Ел Еј била изградена во 1965 година, а тој ја купува во 1985 година за малку повеќе од еден милион.
Еднокатната резиденција на Џери, кој е со германско-еврејски корени, е со рамен покрив и претставува строго интеракција помеѓу челик, стакло и дрво.
Куќата е со површина од 900 квадратни метри и вклучува дневна соба, трпезарија, кујна, голема библиотека, кабинет, неколку семејни спални, четири бањи, бројни соседни простории, фитнес, куќа за гости и сопствена градина со базен.
Покрај оваа куќа Џери и Линда поседуваат најмалку уште осум недвижни имоти во САД.
Видете ја куќата на холивудскиот продуцент во галеријата.