Ресторанот Sci-Fi Dine-In Theater се наоѓа во еден од четирите главни тематски паркови во Волт Дизни Ворлд, Флорида .
Масите во ресторанот личат на кабриолети од 40-тите и 50-тите години на минатиот век, а за време на оброкот се проектираат стари филмови како “Frankenstein Meets the Space Monster”, “Plan 9 from Outer Space” и “Attack of the 50 Foot Woman “.
Влезот на ресторанот личи на кино-благајна, а откако ќе влезат во локалот, гостите одат на кратко пешачење по една висока ограда до трпезаријата. Ретро автомобилите имаат регистарски таблички, кои датираат уште од 1955 година.
Секој автомобил може да собере до четири лица, а таванот на ресторанот симулира ноќно небо исполнето со треперливи ѕвезди. Горните ѕидови на трпезаријата пак покажуваат на 360-степенска Панорама на Јужна Калифорнија, која “се гледа” над оградата.
Некои од вработените се со ролери, додека други се облечени како полицајци. Цело време се проектираат кратки клипови од научно-фантастични филмови од 50-тите и 60-тите години на минатиот век.
Ресторанот е отворен во мај 1991 година и во рок од само 12 месеци тој се претвора во најпосетеното место за јадење во паркот.
Влезете во галеријата и проверете го ресторанот, налик на автокино.