(ГАЛЕРИЈА) Ресторанот -тропски рај

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Кога зборуваме за ресторани, едно од најважните нешта неспорно е храната.b60e6fcf754dc1c18af21a8b89cb0763 (1)

Освен вкусните јадења сепак, угостителството може да донесе посетители и со уште неколку работи –добра услуга, стратешко располагање и ефектен ентериер.

Дизајнерите на ентериер од Einstein & Associates го знаат многу добро тоа, па затоа и вложиле многу креативност во опремувањето на ресторанот Lemongrass.

Тој се наоѓа во Индонезија или поконкретно во Богор, Западна Јава. До највпечатливиот локал се наоѓа претседателската палата и познатата ботаничка градина на Богор.

Дизајнот на ресторанот е инспириран од градот во кој се наоѓа и е вистински тропски рај.

Во него можат да се видат многу бои, форми и се разбира, растенија. Токму тие даваат чувство дека ресторанот како да се спојува со природата.

При влегување во локалот гостите дури минуваат низ тропски коридор, од каде се слуша придушен звук на вода (во близина има базен) и се чувствува мирисот на природа.

Во дизајнот на модерниот и егзотичен ресторан се исткаени природни материјали како дрво и камен, што ја прави атмосферата уште повеќе пријатна.

Во нашата галерија може да го разгледате дијамантот на Богор – Lemongrass.

Фото: minimalisti.com