Кристијан Диор е основоположник на авангардизмот и новиот поглед во модата. Во 50-те прави револуција во изгледот, прикладен на силуета. Тој ја потенцира фемината и става крај на „мрачните времиња“ во облекувањето.
На 12 фербруари 1947, Диор ја промовираше својата прва модна колекција за Пролет-Лето 1947. Изложбата на „90 модели од неговата прва колекција на 6 кукли“ се прикажа во салонитe на седиштето на компанијата на 30 Avenue Montaigne.Првенствено првите две линии беа наречени „Corolle“ и „huit“ (во која беше вклучена и новата силуетата со барски костим). Меѓутоа, новата колекција во модната историја остана позната како New Look, по изјавата на уредникот на Харпер Базар Карамел Шоу: „It`s such a new look“. Силуетата се карактеризирала со мала,тесна половина и долго здолниште кое паѓа под подколеницата,истакнувајќи ги колковите и градите.
Во време на повоените забрани за ткаенина, Диор за неговите креации користел околу 18 метри екстравагантни ткаенини. The New Look, стана многу популарен,со силуетата со долги здолништа која влијаела добро на модните и други дизајнери во педесетите години, и како резултат на тоа Диор добил многу познати, значајни клиенти од Холивуд, Сад и Европската Аристократија.
Париз кој по втората светска војна ја изгубил својата позиција како главен град во светот на модата, повторно ја добива својата ценета позиција, а тоа делумно е благодарение на вниманието што го доби од The New Look на Диор. The new Look, во Западна Европа бил пречекан како освежителен, противотров за ограничувањата од војната, и го прифатиле жените со стил како Принцезата Маргарет во Обединетото Кралство.